28.07.2022 Скопје
Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, денес оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир.
На средбата една од главните теми на разговор била за натамошниот тек на евроинтеграцискиот процес на Република Северна Македонија и фазите што престојат во реализација на пристапните преговори за членство во Европската Унија, соопштија од кабинетот на претседателот.
Претседателот Пендаровски истакнал дека сите институции ке вложат максимални напори со цел успешно да се спроведе скрининг процесот кој треба да започне во септември. На средбата биле разменети и мислења за можните предизвици во преговарачкиот процес, како и за конкретните придобивки од процесот. Претседателот Пендаровски му се заблагодарил за поддршката на еврокомесарот Гир, и изразил очекувања дека соработката со Делегацијата на Европската Унија во земјава успешно ке продолжи во текот на целокупниот преговарачки процес.
Подготвено од М.Н.