20.07.2022 Скопје
Од собраниската говорница координаторот на владеачката партија, Јован Митрески, порача дека негов е македонскиот јазик и секогаш ќе остане така. Митрески истакна и дека пратениците од опозицијата го омаловажуваат македонскиот јазик, па дури и во говорите употребуваат бугарски зборови, и им предложи да комуницираат со своите сопартици кои имаат бугарски пасоши за да го научат подобро јазикот.
Митрески од собраниската говорница на пратениците од опозицијата им порача дека тој цело време зборува на македонски јазик, заклучоците што ги поднел биле токму за заштита на македонскиот јазик и им посочи да погледнат во изјавата од Владата, со што ќе видат што точно пишува, а не да постапуваат како нивниот претседател кој не знае кога е кодифициран јазикот.
Подготвено од М.Н.