04.07.2022 Скопје
На блискиот крајбрежен град, северно од Атина, беснее голем шумски пожар поради што властите наредија евакуација како мерка на претпазливост.
Силниот ветер го разгорува уште повеќе пожарот во областа Шхиматари, која се наоѓа на 50-тина километри од главниот град на Грција.
Локалните власти ги повикаа жителите на градот Дилеси да се евакуираат и го запреа локалниот железнички сообраќај, бидејќи повеќе од 100 пожарникари поддржани од четири авиони и два хеликоптери се борат со пожарот.
Минатата година, шумските пожари опустошија речиси 300 000 хектари шума и Грција го претрпе најлошиот топлотен бран во последните триесет години.
Неколку десетици романски и бугарски пожарникари ги презедоа должностите во Грција во саботата, како први членови на европските сили, кои беа распоредени за да обезбедат поддршка во случај на уште поголеми шумски пожари во текот на летово во Грција.
Подготвено од М.Н.