https://www.facebook.com/photo?fbid=585027466327530&set=pcb.585027539660856

06.07.2022 Скопје

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека демонстрантите фрлале со камења, јајца, железни предмети, милови коктели и слично, со што официјално се повредени 47 припадници на безбедносните сили, од кои двајца се со посериозни повреди и на сите им е укажана лекарска помош.

Од МВР соопштуваат и дека се оштетени прозорците и фасадите на Собранието, МНР и Владата, а скршени се и 16 полициски штитови, полициската куќарка пред Собранието и едно полициско возило.

Приведени се 11 луѓе, но за време на немирите полицијата не употребувала ниту пиротехнички, ниту хемиски средства за разбивање на толпата. МВР превзема мерки за расчистување на случајот и апелира до организаторите на протестите и до граѓаните да покажат демократски капацитет и протестите да бидат мирни за да се сочува редот, мирот и безбедноста.

Подготвено од М.Н.

About Author