05.07.2022 Скопје
Членките на НАТО, денес, ќе ги потпишат пристапните протоколи неопходни за покана на двете земји во воената алијанса на церемонија во седиштето на НАТО во Брисел. Потенцијалните членки мора да ги поминат протоколите, се проценува дека ќе бидат потребни шест до осум месеци пред Шведска и Финска да влезат во НАТО.
Протоколите за пристап можеа да бидат потпишани порано доколку Турција не им ставеше вето на двете земји, но потоа во последен момент, пред почетокот на Самитот на НАТО во Мадрид, се откажа од своето противење за прием на нордиските земји.
Имено за секое ново влегување во НАТО потребно е едногласност на сите членки.
Шведската министерка за надворешни работи, Ен Линде, и нејзиниот фински колега, Пека Хависто, ќе учествуваат на церемонијата заедно со претставници на 30 членки на Западната воена алијанса.
Подготвено од М.Н.