25.07.2022 Скопје
Државниот завод за статистика денес објави дека вкупните тековни трошоци за здравство во 2020 година изнесувале 57 750 милиони денари и бележат пораст од 5,7 проценти во однос на 2019 година. Вкупните трошоци за лекување во здравствените шеми во 2020 година изнесувале 28 445 милиони денари, додека во 2019 година изнесувале 27 657 милиони денари, што претставува пораст од 2,8 проценти. Трошоците на болниците за лекување изнесувале 17 110 милиони денари, што е 84 проценти од вкупните трошоци на болниците по здравствени функции.
Државниот завод за статистика изјави дека делот на владините буџетски механизми и задолжително здравствено осигурување во тековните трошоци за здравство е најголем и во 2020 година, тие изнесуваат 31 337 милиони денари, а во 2019 година биле 29 556 милиони денари.
Подготвено од М.Н.