25.07.2022 Скопје
Пратеникот Миле Талевски, на денешната седница во Собранието, се обрати на пратеникот од опозицијата Драган Ковачки и му порача дека треба да се извинат на припадниците на Армијата, бидејќи цела година им прават блокади во Собранието.
Талевски порача дека една година припадниците на Армијата не ги добиваат бенефитите од Законот за служба, кој опозицијата со 2 000 амандмани го блокираше со една цел – за да го заштити лично него, Ковачки, односно во делот каде што пишува дека припадници на Армијата не смеат да бидат членови на политички партии. Исто така, му порача дека откако станал пратеник, Ковачки манипулирал и предлагал во Собранието ист таков закон и ги лажел војниците, додавајќи дека Парламентот работи во интерес на сите граѓани и ги повика сите пратеници да гласаат и Законот да биде донесен за припадниците на Армијата, за да ги добијат своите бенефити кои што ги заслужуваат поради нивна служба во Република Северна Македонија.
Подготвено од М.Н.