19.07.2022 Скопје
Во објава на социјалната мрежа фејсбук, лидерот на една политичка партија во Република Северна Македонија, после одржаната прва Меѓувладина конференција во Брисел со Европската Унија, испрати порака до власта во која пишува дека ова не е конференција, туку фотосесија поради која власта го „шутна“ народот и ги „продадоа“ и јазикот и културата и историјата на Македонија. Исто така, во објавата стои и дека кулминација на ваквото разнебитување, народот го сведочи на денешната т.н. Меѓувладина конференција во Брисел, со која македонизмот како „сламка“ за спасот на Владата се жртвува на „олтарот“ на ЕУ.
Во објавата стои и дека лажна претстава за некаков си почеток на преговори со ЕУ, додека вистината е сосема друга.
Подготвено од М.Н.