19.07.2022 Скопје
Со пораки испратени од опозициската партија на Република Северна Македонија и во соопштение објавено на нивната официјална фејсбук страна, коментирајќи го потпишаниот протокол, велат дека власта го лаже народот дека македонскиот јазик е загарантиран и никој не го оспорува.
Во објавата стои дека вистината е сосема спротивна, всушност владеачката партија со своите предавнички политики им отворила врата на негаторите на македонскиот јазик и идентитет.
Во реакцијата објавена од опозициската партија на Република Северна Македонија стои и дека дипломатијата на власта дозволила Бугарија да подготви документ поврзан со нашето пристапување во ЕУ, во кој го нарекува нашиот јазик бугарски дијалект. Воедно според опозицијата, тоа е срамно предавство на својот народ и ништо не е загарантирано, што говори и изјавата на потпаролката на Европската Комисија, што целосно се коси со уверувањата од владините функционери. Исто така, во објавата е нагласено и дека ова покажува дека власта е водена од болна амбиција, заради власт распродаваат и асимилираат се што е македонско и еден ден ќе одговараат за овие велепредавства.
Подготвено од М.Н.