26.07.2022 Скопје
Зоран Попов, кој е новоименуван амбасадор на Република Северна Македонија во САД, го помина филтерот на Собраниската Комисија за надворешна политика. Неговото излагање можеа да го проследат само пратениците кои поседуваат безбедносни сертификати, презентацијата на тезите за дипломатската мисија во САД во Парламентот, заврши со сите процедури за заминување на амбасадорот Попов на дипломатска мисија во Вашингтон.
Пополнувањето на амбасадорското место во САД, кои се наш стратешки партнер и НАТО-сојузник, следи по повеќе од четири години од заминувањето на претходниот амбасадор Васко Наумовски.
Зоран Попов на оваа позиција доаѓа од местото државен секретар во МНР.
МНР информира дека за уште тројца амбасадори се добиени агремани и во тек се нивните подготовки за превземање на должноста.
Подготвено од М.Н.