11.07.2022 Скопје
Фудбалерот Пол Погба изјави дека се вратил во Јувентус за да ја добие можноста повторно да биде Погба и да ја врати радоста од играње фудбал, по неуспешното враќање во Манчестер Јунајтед.
Францускиот фудбалер прв пат пристигна во Јувентус во 2012 година, по што во 2016 година беше продаден за 105 милиони евра, за сега после шест години повторно да се врати во Торино.
Фудбалерот изјави дека сака да ја врати повторно радоста за играње фудбал, постојано бил во контакт со целиот клуб и лично за него сигурен е дека ова е вистинската одлука. Дресот на Јувентус му значи многу, со што Јувентус повторно му даде шанса да биде оној вистинскиот Погба. Воедно, тој изјави дека добивал понуди со повисоки плати, но посочи дека „врската“ со „старата дама“ секогаш останала силна.
29-годишниот Погба, во интервју за клубот, истакна дека сега сака да ја врати радоста, да донесе трофеи за клубот кој заслужува само победи.
Подготвено од М.Н.