https://scontent.fskp4-1.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-6/294526443_464806105648810_4591097941569764266_n.jpg?_nc_cat=107&ccb=1-7&_nc_sid=730e14&_nc_ohc=CvPp4N1ahBUAX_9CLNO&_nc_oc=AQmS5eJsy-17S5dTD2SjhJZTHFpUagMZxKvhUHYtUZ6LicMpzqTu5K5dx6Cg1VICkUs&_nc_ht=scontent.fskp4-1.fna&oh=00_AT_ZQ5fKDwjnnKWyGB4AWr81v9WnlXdUEySJUls4E0rGLA&oe=62DDDEAB

19.07.2022 Скопје

Владина делегација предводена од премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ќе присуствува на првата Меѓувладина конференција во Брисел и со тоа се отпочнуваат преговорите за членство во Европска Унија на Република Северна Македонија.

Во составот на владината делегација ќе бидат присутни и вицепремиерот и министер за политички систем, Артан Груби, вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, и министрите за надворешни и внатрешни работи, Бујар Османи и Оливер Спасовски.

Пред одржувањето на Меѓувладината конференција, средба ќе остварат со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

Оваа одлука претходниот ден на твитер ја потврди чешкиот премиер Петр Фиола, чија земја е актуелен претседавач со Европската Унија.

Подготвено од М.Н.

About Author