https://twitter.com/BorisJohnson/status/1542175517029408769/photo/1

03.07.2022 Скопје

Со објава на твитер, британскиот премиер Борис Џонсон кажа дека Реџеп Таип Ердоган, како претседател на Турција, не се воздржа да игра остро за да го добие тоа што го сака во меѓународната политика. Во објавата стои и дека неговата одлука од минатиот месец да ги пропушти Финска и Шведска на патот кон НАТО и тоа во момент на голема закана од Русија, е изненадувачка и ефикасна.

Финска и Шведска во замена за поддршката на Анкара, исто така се согласија да го укинат ембаргото на оружје на Турција.

Само еден ден откако Анкара се откажа од правото на вето над двете земји за влез во НАТО, владата на Бајден ја поддржа продажбата на борбените авиони на Турција.

Доколку договорот меѓу Турција и двете земји не беше постигнат, тоа ќе значеше поделба на НАТО и победа на Путин. Доколку Турција не е задоволна од двете земји и доколку не се почитува договорот што е постигнат, турскиот парламент може повторно да стави вето и да го блокира пристапот кон НАТО, изјавија турските власти.

Загриженоста, пред се, се однесува на курдските десиденти кои живеат во Шведска и Финска и на тоа дека договорот ќе му олесни на Ердоган да врши нови упади на северот на Сирија, со цел освојување на градовите под контрола на сириските демократски сили предводени од курдите.

Лидерката на шведската лева партија, Нуши Дадгостор, изјави дека на време предупредиле на опасноста на ставање на шведската надворешна политика во рацете на Ердоган.

Подготвено од М.Н.

About Author