12.07.2022 Скопје
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, остварил телефонски разговор со неговиот чешки колега, Јан Липавски.
Како што соопшти Министерството за надворешни работи, Османи го уверил својот колега дека членството во Европската Унија е врвен државен интерес и првенствен надворешно-политички приоритет на Северна Македонија.
Липавски ја потенцирал подготвеноста за брзо организирање на првата Меѓувладина конференција, откако Северна Македонија ќе го одобри европскиот предлог.
Во соопштението од МНР стои дека двајцата соговорници ги потврдиле клучните аспекти од компромисниот предлог, што ја води земјава поблиску до Европската Унија, земајќи ги во предвид и нашите интереси, во смисла на чиста формулација на македонскиот јазик, изостанување на историските прашања во преговарачката рамка и отпочнување на пристапните преговори веднаш.
Подготвено од М.Н.