21.07.2022 Скопје
Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, изјави дека после летните одмори ќе се разговара и внимателно ќе се разгледаат околностите за дијалог во Собранието за Уставните измени.
Според Маричиќ, Уставните измени во содржинска смисла се најлесни досега, бидејќи како што вели, треба само да се додадат неколку заедници на веќе седумте кои се споменати во Уставот.
Маричиќ индиректно ја отфрли идејата на претседателот на опозициската партија за референдумот околу Преговарачката рамка со Европската Унија, бидејќи веќе тоа се научени лекции, затоа што опозицијата инсистираше на референдум и за Преспанскиот договор со Грција.
Подготвено од М.Н.