12.07.2022 Скопје
Едно евро вреди колку еден долар, тоа значи дека вредноста на еврото е пониска за 12 отсто во однос на доларот од почетокот на 2022 година. Ова е прво изедначување на валутите по 2002 година и тоа е загрижувачки знак за глобалната економија.
Поради војната меѓу Русија и Украина, еврото е ослабено бидејќи Русија обезбедуваше речиси 40 отсто од европскиот гас пред воената операција, а сега блокот се обидува да ја намали зависноста од руските енергенси.
Додека пак, доларот зајакна бидејќи инвеститорите бегаат кон валутата како свое безбедно засолниште, но прогнозите воопшто не се добри затоа што во САД постои страв од рецесија, додека пак експертите веруваат дека шансите за економски пад во Европа се многу поголеми.
Подготвено од М.Н.