https://www.facebook.com/%D0%94%D1%80%D1%83%D1%88%D1%82%D0%B2%D0%BE-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0-1055775567925238/photos/a.1055786717924123/2157220247780759

21.07.2022 Скопје

Со изјава се обрати Друштвото на писатели на Северна Македонија, по објавувањето на Унилатералната изјава за македонскиот јазик, и изјави дека македонскиот јазик има дијалекти, но нашиот македонски јазик не е никаков и ничиј дијалект.

Друштвото на писатели на Северна Македонија изјави и дека македонскиот писател и македонската книга се и ќе бидат и во иднина во центарот на вниманието на активистите, ќе се трудат да создаваат литературно творештво и тоа да биде со високи естетски вредности. Исто така, додадоа и дека треба да се залагаме за читањето на македонските автори и дела, бидејќи нивните творби и дела се траен влог, сведоштво и доказ за нашето минато, сегашноста и иднината.

Во изјавата стои и дека тоа е јазик на нашите татковци и мајки, на нашите предци и наследници, македонскиот јазик е еден и единствен и македонските писатели создаваат свои дела токму на тој јазик.

Подготвено од М.Н.

About Author