15.07.2022 Скопје
Бугарскиот претседател Румен Радев започна со консултации да утврди на која парламентарна партија да и биде предаден третиот истражувачки мандат за формирање на нова влада.
Радев изјави дека во услови на глобална криза проблемите се зголемуваат, во услови на недостиг на гас, пред Бугарија е тешка зима и поради тоа на земјата потребно и е функционално Народно Собрание.
Кирил Петков изјави дека ќе бидат максимално расположени за дијалог и ќе направат се што е можно за Бугарија да има функционален парламент и Влада. Петков призна дека има инфлација во Бугарија, но таа е увезена однадвор поради геополитичката нестабилност.
Заедно со Петков, кај бугарскиот претседател Радев, беа и Асен Василев и поранешниот претседател на 47то Народно Собрание, Никола Минчев и Андреј Ѓуров, а до крајот на денот ќе ги прими и раководствата на останатите парламентарни партии во Бугарија.
Подготвено од М.Н.