10.07.2022 Скопје
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски изјави дека голем дел од граѓаните сфатија дека промената на името воопшто не го засегна нашиот национален идентитет, а тоа претставуваше најголема загриженост во текот на преговорите со Грција.
За предлогот на Франција во врска со спорот со Бугарија, Пендаровски нагласи дека има мали шанси, некоја политичка партија во Македонија да може да собере двотретинско парламентарно мнозинство за да ги поддржи измените.
Претседателот Пендаровски истакна дека во Северна Македонија, нивната комплексност и интензитет се исти како оние во 2018 година, за време на Референдумот по договорот од Преспа.
Подготвено од М.Н.