04.07.2022 Скопје
Во интервју со Папата Франциско во неговата резиденција во Ватикан, објавено е дека Папата ги негира информациите дека планира наскоро да ја напушти функцијата, велејќи дека сака да ја посети Канада, а се надева дека ќе ги посети и Москва и Киев, што е можно поскоро.
Медиумите неодамна пишуваа за голем број на настани на крајот на август, што се потенцијален показател за наводната оставка на Папата, како средба со светските кординали за новиот ватикански Устав, церемонијата на именување нови кординали и посетата на италијанскиот град Аквила. Франциско со насмевка ги отфрлил сите овие тврдења и рекол дека такво нешто не му паднало на памет. Откажувањето на патувањето во Африка било затоа што добил мала скршеница на своето колено, но сега е добро и полека закрепнувал од повредата.
Папата изјавил и дека имал контакти со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров и можно е да оствари патување во Москва.
Кога Ватикан прв пат беше прашан за патување пред неколку месеци, Франциско одговорил дека не е вистинско време за посета на Москва, но сега навести дека можеби нешто се има променето.
Папата Франциско изјавил дека откако ќе се врати од Канада, можно е да оди во Украина, додавајќи дека прво сака да отпатува во Русија и да се обиде да помогне на некој начин.
Подготвено од М.Н.