24.07.2022 Скопје
Во отвореното писмо на Зоран Дабиќ стои дека како претседател на Македонскиот дипломатски синдикат, јавно зборувал за состојбите во дипломатијата и нејзиното можеби тенденциозно уништување. Исто така, стои и дека насилството, ароганцијата и заплашувањата продолжуваат кон него и членовите од синдикатот, бидејќи МНР му подготви дисциплинска постапка.
Зоран Дабиќ во отвореното писмо истакна дека целиот свој живот и кариера ги има посветено во одбрана на македонските национални интереси и сега, неколку месец пред пензија, нема да дозволи некој да го замолчи. Воедно, дисциплинската постапка е покрената и покрај тоа што има низа прекршувања на повеќе закони, дури и дел од Уставот на државаат, но сепак Дабиќ истакнал дека тоа ќе остане негов печат на неговата долгогодишна дипломатска кариера која ќе ја заврши во Македонија.
Дабиќ напишал и дека Македонија е наша татковина, земја негова и на неговите деца, пензионерските денови ќе ги ужива во прекрасната Македонија и со прекрасни луѓе, кои не познаваат вера и нација, но секое раководство доаѓа и си оди.
Подготвено од М.Н.