https://www.facebook.com/photo?fbid=478644124265077&set=pcb.478646154264874

23.07.2022 Скопје

Одлуката за отварање на свој конзулат во Охрид, Србија ја донесе минатиот месец. Српскиот министер за надворешни работи, Никола Селаковиќ, во придружба на министерската за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска, денеска ќе го отворат Конзулатот на Република Србија во Охрид.

Српската амбасада во земјава соопшти дека на отворањето ќе присуствуваат и Почесниот конзул на Србија во Охрид, Михајло Филев и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Како што е објавено во Службениот весник на Република Србија, Конзулатот во Охрид ќе ги покрива општините Охрид, Струга, Вевчани, Дебарца, Кичево, Дебар и Центар Жупа.

Подготвено од М.Н.

About Author