https://scontent.fskp4-2.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-6/293857426_606257037522288_3671605426327888688_n.jpg?_nc_cat=110&ccb=1-7&_nc_sid=8bfeb9&_nc_ohc=e-QkYTtNVzAAX9BlXtt&_nc_ht=scontent.fskp4-2.fna&oh=00_AT8f3YZW2fhUmrr0H9abqhO-q5_zdppZ939Ho7ljrtDLUg&oe=62D58DAC

14.07.2022 Скопје

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, која е во посета на Скопје оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи.

https://scontent.fskp4-2.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-6/292288168_606257027522289_6079699730792362657_n.jpg?_nc_cat=108&ccb=1-7&_nc_sid=8bfeb9&_nc_ohc=uqAMSXjemVkAX-t5tb-&_nc_ht=scontent.fskp4-2.fna&oh=00_AT9DmugSOjTOSjdDbEyoSZ8HIRUSPyht05Z3xH3d-bHW7g&oe=62DD678F

Изразувајќи благодарност за оваа посета, Османи истакнал дека Европската Комисија секогаш била докажан партнер на патот кон ЕУ на земјава и дека ќе продолжи и понатаму со официјалното отворање на пристапните преговори низ процесот на скрининг, се наведува во соопштението од МНР.

Османи потсетил дека ова е втор пат во нашата историја, претседател на Европската Комисија да се обрати во нашето Собрание.

Првиот пат Романо Проди, на самиот старт на нашиот евроинтегративен пат, и сега на самиот старт на преговорите, како финална фаза пред нашето полноправно членство во Европската Унија.

Подготвено од М.Н.

About Author