https://www.facebook.com/photo/?fbid=598776308270361&set=pcb.598777351603590

03.07.2022 Скопје

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, исто преку фејсбук статус му одговори на отвореното писмо на Илија Димовски, и во неговиот статус стои дека отворените писма не се начин, но нека биде почеток.

Османи со статусот му се обрати директно на Димовски, со што напиша дека никогаш немал проблем да го разбере, иако ретко се согласувал со ставовите и мислењата на Димовски, па така е и овој пат, го разбира иако не се согласува со начинот на кој ги дели прашањата на „албански“ и „македонски“, наместо како што доликува да ги третира како заеднички предизвик на кој заеднички му пристапуваат.

Министерот истакна и дека е неправедно да се вмешува историјата, како да е дел од современите политички текови, наместо да им се остави на историчарите да не ослободат од историските митови кои ни ја заматуваат иднината. Исто така, му посочи дека цело време бара дијалог со него, затоа што има потреба да разговара за важни прашања. За тоа како заедно ќе обезбедат никогаш повеќе никој да не го спори македонскиот јазик, затоа како ќе обезбедат зборот Македонец да ја означува етничката припадност на граѓаните и никој повеќе да не го спори тоа, за тоа како ќе обезбедат македонските ора, села, фолклор, песна, македонскиот еп, да биде дел од македонската етничка посебност и никогаш повеќе никој да не го спори тоа.

Османи потенцираше дека ова треба на маса да го зборуваат, но пред да седнат, барем да расчистат со митовите и невистинитите, кои за жал доминираат во јавноста.

Подготвено од М.Н.

About Author