29.07.2022 Скопје
Ако претседателот е за референдум, ајде да повикаме заедно соочување со народот. Ваква порака испратија од опозициската партија до власта.
Референдумот е највисоката форма на демократијата во едно општество, и најдобар начин да се слушне гласот на народот. Референдумот мора да им даде право на граѓаните да одлучат дали сакаат вака асимилирани и бугаризирани, под диктат да влезат во Европската Унија, или пак гордо и достоинствено кога за тоа ќе се створат услови во блиска иднина да зачекорат во европската иднина, се вели во соопштението од опозициската партија. Добро е да се слушне од претседателот Пендаровски дека е на иста линија со народот и дека размислува да го поддржи референдумот, а со тоа и својот народ. Ние сме за европска иднина, но со зачувано достоинство и со исти правила и услови како и за сите до сега, а не вака дискриминирачки и понижувачки, стои во соопштението од опозициската партија во земјата.
Подготвено од М.Н.