https://www.facebook.com/photo/?fbid=592569822224948&set=pcb.592570715558192

05.07.2022 Скопје

Владеачката партија го обвини лидерот на опозициската партија дека не сакал да учествува во работните групи за спорот со Бугарија. Велат дека е лажна и лицемерна наводната загриженост на лидерот на опозицијата за предлогот на француското претседателство и иако во текот на процесот му беше понудено да учествува во работните групи, опозицијата категорично одбила.

Владеачката партија на Република Северна Македонија истакна дека секогаш кога државата е во клучни процеси за европската иднина, опозицијата стои од страна и шири лажни вести и нанесуваат штети на државните позиции и интереси. Сега кога постои предлог за почнување преговори со ЕУ, со кој според владеачката партија добиваме чиста формулација на македонскиот јазик, без фусноти, кога историските прашања не се веќе дел од преговарачкиот процес, опозицијата дава задоцнети предлози и организира насилни протести, обвинуваат од власта. Воедно, власта истакна и дека опозицијата одново на дело докажува дека воопшто не им се битни интересите на државата и граѓаните, туку свесно дејствуваат за нечиј туѓ интерес.

Подготвено од М.Н.

About Author