https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/e/e9/WHO_flag.png

20.07.2022 Скопје

Светската здравствена организација соопшти дека на милиони мигранти и бегалци им е оневозможена соодветна здравствена заштита и треба да бидат вклучени во здравствените системи на земјите во кои доаѓаат.

Здравјето не започнува, ниту завршува на границата на земјата, затоа мигрантскиот статус не треба да биде дискриминаторски, туку двигател на политиката врз која се гради и зајакнува здравствената заштита.

Според извештајот на СЗО, болестите, гладот, климатските промени и војната го придвижуваат масовното движење на луѓето, а сега со војната во Украина се надмина бројката од над 100 милиони мигранти.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус, изјавил дека целосниот степен на влијанието на овие пресврти се уште не е разбран, бидејќи како што покажува овој извештај, бегалците и мигрантите не се целосно видливи во достапните податоци, што е сериозен јаз кој мора да се реши. Исто така, нагласил дека милион работници, мигранти, се вработени на опасни работни места, ставајќи ги во уште поголем ризик од повреди и болести.

Подготвено од М.Н.

About Author