29.07.2022 Скопје
Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на борбени авиони Ф-35, муниција и соодветна воена опрема на Германија, во вредност од околу 8,4 милијарди долари.
Од Пентагон соопштија дека и покрај одобрувањето од Стејт департментот, во соопштението не се наведува дека овој договор е потпишан и дали преговорите за продажба на воена опрема се завршени. Германија уште во Март годинава објави дека планира да купи 35 американски борбени авиони Ф-35 за да ги заменат нивните стари авиони Торнадо. Главни изведувачи на договорот се Lockheed Martin, Corp.Boeing Co. и Raython Technologies Corp., соопштија од Пентагон.
Подготвено од М.Н.