https://www.flickr.com/photos/vladamk/38362308874

18.07.2022 Скопје

Чешкиот премиер Петр Фиала објави дека Советот на Европската Унија одлучи да ги започне пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија.

https://twitter.com/P_Fiala/status/1549085881079943170

Фиала на твитер објави дека во утрешниот ден во Брисел ќе се сретнат со лидерите на двете земји, за да разговараат за следните фази на патот кон Европската Унија.

Премиерот Димитар Ковачевски ќе ја предводи официјалната владина делегација во Брисел, која ќе учествува на првата Меѓувладина конференција во Советот на Европската Унија.

Премиерите на двете земји ќе остварат средба со претседателот на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

Во рамки на историската посета на Брисел, за утре е најавено и започнување на скринингот за Република Северна Македонија и работен ручек на премиерот Ковачевски со еврокомесарот за проширување и добрососедски политики Оливер Вархеји, на кој ќе присуствуваат и двете делегации.

Подготвено од М.Н.

About Author