12.07.2022 Скопје
Канада одлучи да ја врати руската турбина за гасоводот Северен ток 1 во Германија.
По оваа одлука на Канада, украинскиот претседател Володимир Зеленски излезе со изјава и кажа дека ова е многу опасно прашање за Украина, но и за останатите држави во демократскиот свет.
Претседателот на Украина, Зеленски, побара уште еднаш да се преиспита одлуката на Канада, за да се врати руската турбина.
Канада, претходно, ги укина санкциите за враќањето на поправените руски турбини во Германија, бидејќи се потребни за гасоводот Северен ток 1.
Подготвено од М.Н.