23.07.2022 Скопје
Отфрлена е можноста за повторно воведување на задолжителниот воен рок од страна на германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок.
Бербок објасни дека воениот рок нема смисла кога е во прашање безбедноста, но и во моментов нема доволно програми за обука и средства за сите оние што сакаат да служат во германските вооружени сили.
Бербок ова го изјави на јавната сесија на прашања и одговори во Минхен, организирано од самата министерка за надворешни работи, за да ги слушне безбедносните прашања, коишто ги загрижуваат германските граѓани.
Турнејата се совпаѓа со подготовката на првата сеопфатна Стратегија за национална безбедност, којашто ја подготвува Министерството за надворешни работи за Владата на Германија.
Подготвено од М.Н.