https://www.facebook.com/photo.php?fbid=357029749950329&set=pb.100069299196115.-2207520000..&type=3

24.07.2022 Скопје

Центарот за управување со кризи информираше за неколку пожари вечерва на територија на Република Северна Македонија, предизвикани од гром.

Во кумановско кај Кока гори сува трева, с.Проевце, а кај Ловечки дом гори борова шума, сите пожари се предизвикани од удар на гром.

Помеѓу селата Голозинци и Лисиче, Општина Чашка, кај Велес, гори сува трева и нискостеблеста шума. Екипите се излезени на терен и интервенираат во нивно гаснење.

Од Центарот за управување со кризи истакнаа дека иако невремето се уште трае, се надеваат дека нема да има уште пожари предизвикани од удар од гром.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *