https://scontent.fskp4-2.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-6/292219279_606738744142527_9178799564008851256_n.jpg?_nc_cat=106&ccb=1-7&_nc_sid=730e14&_nc_ohc=HoPEVFWiX2gAX9lT7k8&_nc_ht=scontent.fskp4-2.fna&oh=00_AT9dXRwxphaXMxFUpIJlObr9WT2dpUGIDHFVG_z59nhkUw&oe=62D98823

07.07.2022 Скопје

Признавајќи го уставното право на граѓаните да ги изразуваат нивните ставови и чувства преку демонстрации на мирен и достоинствен начин, Советот на амбасадори го осудува секој обид или форма на вандалско однесување на поединци или организирана група на демонстранти, како што ги имаше овие денови на протестите во главниот град.

Советот на амбасадори посочува и изразува загриженост поради радикализација на политичките состојби, но нема цел да ги стигматизира политичарите или интелектуалците, а уште помалку граѓаните кои протестираат или ги поддржуваат овие манифестации.

https://scontent.fskp4-1.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-6/291429417_607074570775611_6712801871564162431_n.jpg?_nc_cat=102&ccb=1-7&_nc_sid=0debeb&_nc_ohc=vqNIHQY0f6sAX_fFIqY&_nc_ht=scontent.fskp4-1.fna&oh=00_AT9fzQbJJ6kAmaOO65CgZgVAECESF-mL3FgcqzgXgOw3sQ&oe=62DA006A

Советот е против агресивните испади и физичките насилства кои имаат цел да ја дестабилизираат земјата, или по пат на насилство да ја оневозможат интеграцијата на државата во ЕУ. Исто така, е против лансирање на било какви лажни вести од страна на медиумите со цел да се манипулира јавното мислење.

Од Советот на амбасадори апелираат за смиреност на граѓаните и на отворен дијалог на претставниците на политичките партии во дебатите на Парламентот и со претставниците на Владата.

Подготвено од М.Н.

About Author