28.07.2022 Скопје
Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, изјави дека некои политички партии во државата биле финансирани од страна на Москва, а истакна дека и Русија се мешала во внатрешната политика и сите институции знаеле за тоа. Пендаровски изјавил и дека во земјава доаѓале луѓе кои што биле руски агенти, но неможе јавно да обелодени од која држава точно доаѓале.
Претседателот Пендаровски кажал дека постоеле сознанија кај надлежните органи за луѓе кои што доаѓале само за да направат провокација на неодамнешните граѓански протести, но и за финансирање на некои политички партии, но Пендаровски не открива за кои тоа субјекти и партии се работи и посочи дека неколку субјекти се во директна корелација со Москва веќе неколку години наназад.
Подготвено од М.Н.