22.07.2022 Скопје
Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, изјави дека на 19 Јули, денот кога се одржа првата Меѓувладина конференција ја означува последната етапа од нашиот пат кон полноправно членство во Европската Унија. Исто така, изјави и дека во наш интерес е да ги оствариме нашите два интереса, да го заштитиме македонскиот јазик, идентитетот и посебноста и да станеме членка на Европската Унија.
Иако скринингот, кој е прва фаза во преговарачкиот процес, се гледа како на техничка операција и тој е суштински елемент на пристапните преговори.
Инаку земјава веќе во 2018 и 2019 година, помина една фаза на подготвителни состаноци за сите 33 поглавја пред да се објави новата методологија за проширување на Унијата, во кој процес беа вклучени околу 2 000 наши државни службеници.
Во однос на условот за продолжување на преговарачкиот процес, Маричиќ изјави дека внимателно ќе биде разгледан начинот на кој што би го отвориле дијалогот во Собранието и целта на отварање на процесот на Уставните измени и тие да завршат успешно, бидејќи најважно е процесот да има позитивен исход.
Во врска со барањето на опозициската партија за референдумско изјаснување за Преговарачката рамка, Маричиќ кажа дека Владата досега нема расправано, ниту донесено одлука по ова прашање.
Вицепремиерот за европски прашања изјави дека нема потреба од референдум, подобро е институциите да си ја превземат својата одговорност, наместо да се користи евентуалниот референдум за манипулации и политички поени.
Подготвено од М.Н.