18.07.2022 Скопје
По документираната емисија пласирана во медиумите дека клиниката на Жан Митрев вршела клиничка студија со метод на хемофилтрација без да пријави, Јавното обвинителство информира дека ќе покрене истрага по тој предмет, за да се открие вистината.
Од Обвинителството изјавија дека предметот е распореден кај најдлежен јавен обвинител кој ќе превземе дејствија за проверка на наводите од кои произлегуваат индиции за кривично дело против здравјето на луѓето.
Новинарите на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) вчера ја објавија епизодата „Нечиста крв“ во рамки на серијалот „Редакција“, која се однесува на злоупотреба на методот на хемофилтрација од страна на клиниката, во време на пандемијата Ковид-19.
Во серијалот главно сведочење е на семејство чиј член починал откако му биле администрирани повеќе хемофилтрации, а по тоа добил и повеќе бактериски инфекции кои влијаеле на влошувањето на неговата здравствена состојба, а потоа и го изгубил животот.
Подготвено од М.Н.