https://scontent.fskp4-2.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-6/294950094_586222609538246_1487955470431819273_n.jpg?_nc_cat=109&ccb=1-7&_nc_sid=8bfeb9&_nc_ohc=Dky5WI7LNRMAX9x6hwQ&_nc_ht=scontent.fskp4-2.fna&oh=00_AT8qeDS6nUO4eXcb-QhOB1HO47BUTlCeC5hxUyD45qbCtg&oe=62E01F9F

20.07.2022 Скопје

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со заменик амбасадорот на ЕУ, Џулијан Васало, и градоначалникот на Теарце, Нухи Незири, извршија обиколка и увид во изградбата на системот за надводнување во Теарце.

Системот е проект за изградба на мали нискотрошковни системи за наводнување, финансирани од страна на Европската Унија.

Изградбата на овој систем ќе помогне на повеќе од 120 земјоделци, обезбедувајќи им редовно наводнување на земјоделското земјиште.

Министерот Љупчо Николовски изјави дека поддршката која ја добиваме од Европската Унија е значајна за развојот на македонското земјоделство, во финална фаза е системот Славишко поле, а интензивно се работи и на системот Чаушица. Исто така, министерот додаде и дека уште еден голем проект на кој Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство работи е проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар, со кој се обезбедува наводнување на 5 300 хектари земјоделско земјиште и реализацијата на овие капитални проекти има за цел да овозможи достапност на земјоделците до соодветни системи за наводнување и најважно да го зголеми приносот и подобри квалитетот на земјоделските култури.

Подготвено од М.Н.

About Author