25.07.2022 Скопје
Регуларната комисија за енергетика (РКЕ) денеска донесе одлука од полноќ да се намали цената на бензините за еден денар, а Дизелот и Екстра лесното масло за домаќинства за 1,5 денари за литар.
Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 95,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 98 денари за литар, а Дизелот по цена од 96 денари за литар.
Екстра лесното масло за домаќинства од полноќ ќе се продава по цена од 94,5 денари за литар.
Само малопродажната цена на Мазутот се зголемува за 0,374 денари/килограм и ќе изнесува 52,840 денари/килограм.
Подготвено од М.Н.