19.07.2022 Скопје
Зголемен број на нови Ковид случаи, изминативе денови, евидентираше Институтот за јавно здравје, но изјавија дека дополнителни Ковид мерки се уште нема да има.
Државата според Комисијата се наоѓа во зелена зона со доволно капацитети за згрижување на пациенти и затоа не се потребни нови дополнителни Ковид мерки.
Лекарите апелираат да се следат препораките на Министерството за здравство, да се вакцинираат граѓаните над 60 години, особено ризичните групи, а останатите да ги следат превентивните мерки за задолжително носење на маска во јавниот превоз, здравствените установи, аптеките и установите за згрижување стари лица и лица со попреченост. Исто така, препорака е за вакцината меѓу трета и четврта доза да биде најмалку четири месеци.
Подготвено од М.Н.