Image by David ROUMANET from Pixabay

18.07.2022 Скопје

Со соопштение од Регулаторната Комисија за енергетика и водни услуги, известија дека бензините од полноќ поевтинуваат за 1,5 денари за литар, а цената на дизелот останува иста.

Се намалува продажната цена на нафтените деривати во просек за 0,82 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 101 денар за литар, Еуросупер БС-98 ќе изнесува 103 денари за литар, а Еуросупер БС (Д-Е V) ќе изнесува 100 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ, малопродажната цена на Екстралесното масло за домаќинства се зголемува за половина денар, а Мазутот се намалува за 0,859 денари за килограм.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар бележат намалување кај бензините во просек за 2,61 отсто и кај дизелот за 1,943 отсто.

Подготвено од М.Н.

About Author