https://www.facebook.com/photo/?fbid=573001454193695&set=pcb.573001667527007

01.07.2022 Скопје

Распишаниот јавен оглас што беше распределенво 14 региони во државата и на располагање нудеше земјоделска површина од 5 722 хектари, предизвика рекорден интерес кај земјоделците со дури 258 склучени договори за закуп.

Националниот план за производство на храна, да се обезбедат нови земјоделски површини и да се зголеми домашното производство за обработка на стратешките култури.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денес во Свети Николе почна со доделување на договорите за закуп на државно земјиште над три хектари за обработка на житни култури.

Николовски изјави дека секој мора да биде одговорен и на висина на својата задача, воедно сега мора сите да си помогнеме, не оставајќи ниту една педа земја што нема да биде обработена, бидејќи мерките кои ги даваат до секој земјоделец, се од парите на сите граѓани.

Активно до 21 Јули се двата јавни огласи за доделување под закуп над 3 хектари земјоделско земјиште за производство на сточна храна. Се повикуваат сите земјоделци максимално да ја искористат секоја мерка која се носи за поддршка на секој земјоделец, она што ќе се произведе да се зачува дома, во нашите домашни преработувачки капацитети.

Николовски апелира сплотени заедно да ја пребродиме и да се избориме со оваа криза.

Подготвено од М.Н.

About Author