Image by Jiří Fröhlich from Pixabay

22.07.2022 Скопје

Од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) изјавија дека предусловите за нова одлука за цената на нафтените деривати се исполнети.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги во вчерашниот ден ја зголеми цената на Мазутот за 1,411 денари за килограм, а цените на другите деривати останаа непроменети.

По последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, Мазутот М-1 НС се продава за 51,455 денари за килограм, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму останува иста, односно 98,5 денари за литар, исто така и цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 останува иста, односно 101 денар по литар, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) е 100 денари, а Екстра лесното масло за домаќинства (ЕЛ-1) изнесува 98,5 денари за литар.

Подготвено од М.Н.

About Author