13.07.2022 Скопје
На денешната седница, Уставниот суд одлучи да го укине членот 12 од Законот за утврдување стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор-8.
Во членот 12, меѓу другото, е предвидено дека „работното време на секој равотник, во текот на целиот циклус на проектот може да биде во просек од 60 часа неделно во текот на годината“. Уставниот суд донесе одлука за укинување на оспорениот член, бидејќи оцени дека со овој член се повредува правото на дневен и неделен одмор на вработениот, односно дека е во спротивност со член 32 став 4 од Уставот.
Колективните договори се утврдени преку социјален дијалог помеѓу Владата, работодавачите и синдикатите, а подносители на иницијативата се Сојузот на синдикати на Северна Македонија и Здружението за заштита на работнички права „Гласен Текстилец“ од Штип.
Подготвено од М.Н.