https://www.facebook.com/photo/?fbid=606239197525815&set=pcb.606240520859016

03.07.2022 Скопје

Од „Ултиматум – НЕ благодарам“ најавија нов протест со почеток во 19:00 часот пред Владата на Република Северна Македонија.

Со повик до граѓаните уште помасовно и погласно да го искажат својот револт против францускиот предлог, со кој се прифаќаат сите бугарски услови.

Вчера, на протестот беа кажани пораки против предлогот и се апелираше тој да не се потпишува, а беа упатени и барања за оставки.

„Македонија е се што имаме и од неа никогаш и под никакви услови нема да се откажеме“ стои на пароли како порака до Владата дека предлогот од Франција е лош за македонскиот народ и македонските национални интереси.

Во петокот, исто така, имаше помал протест откако Владата на својата официјална страна го објави предлогот од Франција.

Подготвено од М.Н.

About Author