https://scontent.fskp4-1.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-6/294767529_593400262155639_2593797483259365353_n.jpg?_nc_cat=102&ccb=1-7&_nc_sid=8bfeb9&_nc_ohc=JXkIgShFCdgAX8aA_pW&tn=a2HLWLKMXUCY1w2T&_nc_ht=scontent.fskp4-1.fna&oh=00_AT-7BBvrfdyeYNjIFDAcc67IOllbN75USUCFflf0_P9sxA&oe=62DCDD7D

16.07.2022 Скопје

Албанскиот премиер Еди Рама со реакција по одобрувањето на францускиот предлог во Собранието на Северна Македонија, изјави дека конечно преговорите за членство на Албанија во Европската Унија веќе немаат никакви пречки.

Во објава на фејсбук напиша дека апсурдното заложништво на Албанија заврши.

Рама нагласи дека албанска делегација ќе замине во понеделник во Брисел, за да започне нов дел од патот, почнувајќи ги преговорите за членството, успешно ќе заврши и овој дел од напорите, со нови сили, Албанија ќе ја воздигне на врвот.

Во фејсбук објавата стои и дека биле потребни три цели исцрпувачки години од донесувањето на одлуките на Европскиот совет за да се отвори патот за преговори, така што синџирот на пречки поставени пред Албанија е целосно тргнат.

Подготвено од М.Н.

About Author