12.07.2022 Скопје
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на својот фејсбук профил објави дека апсолутно никој не смее и не може да преговара ниту за идентитетот, ниту за македонскиот јазик во оваа држава. Ниту сегашната, ниту било која идна власт не смее тоа да го направи и тоа треба да ни биде јасно на сите.
Во објавата стои и дека идентитетот, јазикот, културата, посебноста на македонскиот народ, мора да се заштитат по секоја цена, и нема разговори со никого, па нека биде тоа и Европската Унија. Воедно, стои и дека за тоа не се преговара и не може да се преговара никогаш.
Подготвено од М.Н.