02.07.2022 Скопје
На почетокот на овој месец ОПЕК плус, Здружението на 23 земји, водечки светски производители на нафта без САД, предводено од Саудиска Арабија и Русија, одлучи да го зголеми производството на нафта за 648.000 барели дневно. За западните набљудувачи, се чинеше дека одлуката ги признава повеќемесечните апели од водечките западни потрошувачи до ОПЕК за пообилно да ги отвораат славините за нафта со цел да се спротивстави на насилниот пораст на цената на нафтата од почетокот на оваа година. Бидејќи одлуката на ОПЕК за „плус 648.000 барели дневно“ претставуваше значително отстапување од месечната квота за постепено додавање нафта на пазарот од 432.000 барели дневно, утврдена во мај 2020 година. Тој договор имаше фиксен период на важност од почетокот, кој истекува на крајот на август годинава.

ОПЕК плус го отфрли барањето на лидерите на Г7 за дополнително производство на нафта.

Францускиот претседател, Емануел Макрон, им откри на лидерите на Г7 собрани во Баварија, дека во разговор со највисоките претставници на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, дознал дека Ријад и Абу Даби веќе испорачуваат нафта „речиси до крајот на своите можности“.

Соочени со забележливи знаци на првиот недостиг на нафта во екот на летната сезона на северната хемисфера, берзите вчера не можеа да сфатат каде да се надеваат на зголемен прилив на барели во текот на јули и август. Доколку дополнително се зајакнат санкциите кон Русија, клучниот светски извозник на нафта, од каде би можеле да дојдат „бараните барели“? Берзите немаат одреден одговор во овој поглед.
Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *