https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10220082989326777&set=pb.1286077279.-2207520000..&type=3

10.07.2022 Скопје

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, изјави дека чекањето нов предлог не ни е во прилог, бидејќи и досега сме имале предлози кои биле целосно неприфатливи или за нас или за Бугарија. Воедно, додаде дека моментално сме дојдени до некоја точка каде што постои компромисно решение, со кое Северна Македонија е задоволна од некои работи, а Бугарија е да речеме за многу работи понезадоволна и затоа мора да се искористи оваа ситуација, што е добро за нашата земја.

https://scontent.fskp4-1.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-6/291982704_430503255757279_2481004342846310636_n.jpg?_nc_cat=107&ccb=1-7&_nc_sid=8bfeb9&_nc_ohc=E5Gjfy9KlW8AX_IFWWe&tn=JTHpqs6rp324BXIq&_nc_ht=scontent.fskp4-1.fna&oh=00_AT8E0Y6AO5D4gVeSjCD-d0Bi9Eg6TYMAtJ5-25PCk7Tzaw&oe=62D30023

Во врска со нашиот идентитет, Маричиќ потенцираше дека во меѓународни рамки е решено со потпишување на договорот од Преспа и врз негова основа е впишано во нашата лична карта во Обединетите Нации. Вицепремиерот истакна и дека ако сега останеме во место и да чекаме некои подобри времиња, ако решиме да не го прифатиме предлогот, Македонија ќе остане со Косово и БиХ, кои имаат сериозни структурни предизвици околу нивната државност. Според Маричиќ изборот е наш во која група сакаме да бидеме и како сакаме да се движи нашиот развој.

Вицепремиерот Маричиќ додаде дека мораме да бидеме реални дека постојат структури кои не и мислат добро на нашата држава и регионот, да останеме во изолација не е нашата перспектива, потенцирајќи дека заради тоа е важно да се задржи нашата држава на европскиот пат.

Подготвено од М.Н.

About Author