https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/4/45/Alexander_Lukashenko_President_of_Belarus.jpg

12.07.2022 Скопје

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, изјави дека под превезот на зајакнување на европската одбрана и наводно одбранбени вежби, НАТО формира оклопна тупаница создадена не за одбрана туку за уште еден напад кон Истокот.

Белорускиот претседател оценува дека Западот активно врши извидување на копно и воздух, спроведува вежби, пренесува опрема и залихи од други региони, а истовремено го зголемува и воениот буџет.

Лукашенко изјави дека од Северноатланската алијанса одеднаш решиле дека моментот е погоден за уште една кампања на исток, заборавајќи колку слични кампањи на нивните претходници во историјата беа завршени, и сето тоа допринесува за сомнеж во нивните таканаречени одбранбени вежби.

Подготвено од М.Н.

About Author