https://www.facebook.com/photo/?fbid=446816737459264&set=pcb.446816917459246

26.07.2022 Скопје

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, оствари средба со шефот на португалската дипломатија, Жоао Гомес Кравињо, кој е во посета на земјава. Разговарале за отворањето на пристапните преговори за членството на Република Северна Македонија во Европската Унија, како и за предизвиците кои ја очекуваат земјава во престојниот период.

На состанокот Маричиќ и Кравињо разговарале и за унапредување и продлабочување на билатералната соработка во пристапниот процес, споделување на искуства и добри практики од страна на Португалија, која останува силен поддржувач за полноправното членство на Република Северна Македонија во Европската Унија.

Ова е прва официјална посета на земјава на Министерот за надворешни работи на Португалија, Жоао Гомес Кравињо.

Подготвено од М.Н.

About Author